Прилог бр. 4

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР

Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што Друштвото за производство, трговија и услуги МАВРАТЕХ ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените деловни простории и како Контролор ги користи овие податоци.

1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци ?

Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
- Да се контролира пристапот до објектот и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедност на вработените во Контролорот и посетителите како и имотот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
- За да се спречи, одврати и, доколку е потребно да се испита неовластен физички пристап вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
- Да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).

Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да препознаат лица.

Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дициплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци (Во исклучителни околности, податоците можат да бидат пренесени до истражните органи во рамки на формална дисциплинска или кривична истрага).

Камерите за видеонадзорот се инсталираат на влез/излез и службени простории и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лицата кои ќе пристапат до службените/деловните простории ( објекти ) вклучително и имотот ( на пример за паркирање) ). Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на: влезните и излезните места на продажните објекти и магацински простор, продажните пунктови, соба за сеф и соба за рак ормар

2. Какви податоци собира Контролорот?

Контролорот собира само снимки фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.

3. Кој е одговорен за обработка на податоците

Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кои ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа Маја Недељковиќ Ѓорѓиевска, со е-маил: mnedeljkovikj@mavratex.mk е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.

4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?

Контролорот користи опрема за видеонадзор за:
- Заштита на животот или здравјето на луѓето
- Заштита на сопственоста
- Заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата или
- Обезбедување контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Закон за заштита на личните податоци. Покрај тоа, на влезот на Друштвото за производство, трговија и услуги МАВРАТЕХ ДООЕЛ Скопје има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на Контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.

5. Кој може да ги види моите лични податоци?

До видеозаписите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор (на пример: членовите на безбедносниот персонал на Контролорот или од ангажираната Агенција за приватно обезбедување ). Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видеозаписите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки на безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видеозаписите не може да се пристапи без одобрение од страна на овластеното лице Маја Недељковиќ Ѓорѓиевска.

6. Како да ги контролирате вашите податоци?

Може да испратите барање на електронската адреса на друштвото: mnedeljkovikj@mavratex.mk

7. Можам ли да пристапам до моите податоци?

Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до овластеното лице , или преку е-пошта до: mnedeljkovikj@mavratex.mk

8. Можам ли да ги менувам моите податоци?

Не е дозволено менување на видео записот за видеонадзорот.

9. Може ли да побарам ограничување на обработка на моите податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање до овластеното лице и на следната е-маил адреса: mnedeljkovikj@mavratex.mk , кога ја оспорувате точноста на вашите податоци или кога на Контролорот повеќе не му се потребни информации за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и вие се спротиставувате на бришењето на податоците. Сепак блокирањетоо не е можно во секој случај на службена истрага.

10. Дали можам да ги избришам моите податоци

Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање до овластеното лице на седната е-маил адреса: mnedeljkovikj@mavratex.mk, кога обработката е незаконска.

11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?

Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци на трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, закоја цел и врз кој законски основ.

12. Дали имам право на приговор?

Да, имате право на приговор и да се спротиставите на обработката во било кое време со испраќање на барање до овластеното лице на следната е-маил адреса: mnedeljkovikj@mavratex.mk , кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по башето барање во рок од 15 дена од поднесување на барањето.

13. Што можам да направам во случај на проблем?

  • Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање на е-пошта до овластеното лице на седната е-маил адреса: mnedeljkovikj@mavratex.mk , и да побарате да преземе акција.
  •  Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа контактирајте со нашето овластено лице mnedeljkovikj@mavratex.mk

Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци (https://dzlp.mk/), која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.

14. Кога ќе започне обработка на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?

Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.

15. Безбедност на личните податоци

Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податови пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.

16. Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Контролорот ги чува вашите податоци 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видео записи автоматски се бришат.